петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА МВР најави тестирање на камерите за сообраќаен наздор во рамките на „Безбеден...

МВР најави тестирање на камерите за сообраќаен наздор во рамките на „Безбеден град“ – калибрацијата и верификацијата ќе се врши од 20 до 31 јануари

18

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамките на проектот „Безбеден град“ од 20 до 31 јануари 2026 година ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8:00 до 20:00 часот.

„Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, соопшти МВР.

ИЗДВОЕНИ