МВР: Испратени се дојави за бомби во основни училишта во Скопје и Куманово – во тек се проверки на терен

37

Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на имејл адресите пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.

Повеќе основни училишта во Куманово попладнево добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи, потврдија од Општина Куманово. Полицијата веднаш реагирала, а сите ученици биле безбедно евакуирани од зградите.

– Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, некаде после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата – изјави раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Во моментов, полициски екипи го проверуваат секое од училиштата од кои пристигнала дојавата, а се очекува МВР да излезе со повеќе информации по завршување на увидот.

ИЗДВОЕНИ