вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР: 651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за...

МВР: 651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

40

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, соопшти денеска МВР.

Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.

-Притоа, изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава – се наведува во соопштението. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ