Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, вечерва (7 ноември) од 19.00 ч., ќе се одржи музичко ликовна вечер.

Вечерта е под мотото „Уметност во звук и форма“. На пијано ќе настапи Огненка Герасимовска-Димитровска, која ќе се претстави со музика од познати композитори.

Ќе има и изложба на скулптури од Александар Ефтимовски.

Ефтимовски е македонски автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено скулптури во голем формат, поставени во повеќе од 30 европски и светски држави. За неговата апстрактна скулптура се карактеристични острите агли, овални форми со чисти површини. Материјалите што ги користи за неговото ликовно изразување, тој ги селектира соодветно со идејната форма.

 

 

ИЗДВОЕНИ