Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 21 мај во 20:00 часот, ќе се одржи нов музички спектакл со битолскиот оркестар „Дива“.
Во големата сала од Центарот, публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок-хитови MTV hits – vol.2 во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
Публиката ќе биде дел од вечер полна со емоции, ритам и чиста музичка магија. Ќе се одржи уште една незаборавна вечер и ќе ги доживеат најдобрите музички времиња.












