Балканските хитмејкери Владо Јаневски и Момчило Бајагиќ Бајага синоќа за првпат настапија заедно на сцената во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Четиричасовниот концерт беше празник за љубителите на нивната музика, а многубројната публика ги пееше хитовите на двајцата пејачи во еден глас.

Фото: П. Стојановски

Идејата за заедничкиот концерт се појавила по минатогодишниот откажан концерт на Владо Јаневски, кога се предложило, наместо два посебни големи концерти, да се одржи „нешто поголемо од концерт, 40 хитови во една вечер за еден музички празник“.

 

ИЗДВОЕНИ