Музејска изложба на традиционален накит во Тетово

23

Музејска изложба на етно-накит ќе биде отворена утре во Музејот на тетовскиот крај (АРМ) со почетокот во 19 часот.

Станува збор за реплики на етно-накит од сите краеви на Хрватска, современ дизајниран накит со етно-елементи како и фотографии на традиционално наследство.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите и во среда. Таа е дело на Центарот за култура од Сесвете (Загреб), а во Тетово изложбата се поставува во соработка со Македонско-хрватското друштво (МХД).

Изложбата досега има постигнато голем успех, а беше поставена и во Луксембург (Белгија), Виена (Австрија), Печух (Унгарија) и други. Влезот е слободен.

 

ИЗДВОЕНИ