Музејот „Лувр“ ја затвори галеријата Кампана поради оштетување на конструкцијата – можни се и нови затворања

16
Една галерија во парискиот музеј „Лувр“ е затворена денеска поради „слабост на градежната структура“ соопштија денес од музејот.
Станува збор за галеријата Кампана во јужното крило на Сулиевиот четириаголник, кој „веќе неколку години е предмет на посебен надзор“, се наведува во соопштението,а пренесува телевизија БФМ.
Во соопштението се додава дека „во текот на трањето на истрагата, галеријата Кампана, која се наоѓа на првиот кат од јужното крло, ќе биде затворена за јавноста како мерка за претпазливост“.
Затворањето на галеријата е резултат на извештајот кој го поднесе техничка консултантска фирма, а во кој се изразува загриженост поради „посебната кревкост на одредени греди кои го потпираат подот на вториот кат на јужното крило“.
„Согласно на тоа, 65 вработени во музејот ќе ги напуштат своите канцеларии во претстојните три дена“, се наведува во соопштението.
Во јануари оваа година францускиот претседател Емануел Макрон претстави план под назив „Нова ренесанса на „Лувр“, во кој е преставена реставрација и проширување на музејот.
По затворањето на галеријата Кампана во музејот „Лувр“, главниот архитект за исторсики споменици Франсо Шатион, предупреди дека и други делови од музејот би можеле да бидат затворени поради реновирање.
Шатион изјави за „Франс инфо“ дека „Лувр“ , „страда од сопствениот успех“ и дека е неопходно редовно одржување и реновирање на музејот.
Тој додаде дека делови од музејот кои не ги поминале значајните реновирање од 1980-те години на 20-тиот век, се доближуваат до крајот на својот животен век“ и дека нивно обновување е „апсолутно неопходно“ во претстојната деценија.
„Лувр“ се појави на насловните станици во месец октомври по спектакуларниот грабеж на уметнички предметни кој ги разотрки безбедносните недостатови на институцијата.
Галеријата Кампана се наоѓа покрај галеријата Аполо, каде што крадците украдоа осум парчиња накит, вклучувајќи ги и оние кои им припаѓаче на сопругите на Наполеон Први и Наполеон Трети, а нивната вредност е проценета на 88 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ