“Машка Шакира”!!! Еротичниот летен жежок танц на турската естрадна ѕвезда Мустафа Сандал, инаку поранешен сопруг на балканската музичка ѕвезда Емина Јаховиќ, поттикна многу нејзини пријателки да си го постават прашањето: „Како можеше да се омажи Емина за него?“ Особено затоа што секси танцот на Мустафа стана хит на Интернет. Тој веднаш го доби слаткиот прекар машка Шакира, сè поради двосмисленото извикување од многубројната публика: „Turkish power, baby!“
Згодниот Сандал (татко на двајца синови) навистина провокативно меша со колковите, подобро и од најдобрата танчарка, неколкупати дури и дискретно „фаќајќи“ се за меѓу нозете. Го споредуваат и со официјално професионалниот сценски танц на познатата балканска танчарка и пејачка Теа Таировиќ. Многумина се согласуваат дека Мустафа е во занес со овој секси танц, со што сосема ги надминал двете заедно, и Шакира и Теа. (Д. М.) фото: архива