Мурињо покажа зошто е „специјален“

370
epa11945006 Fenerbahce's head coach Jose Mourinho looks on ahead of the UEFA Europa League Round of 16, 1st leg soccer match between Fenerbahce SK and Rangers FC, in Istanbul, Turkey, 06 March 2025. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Жозе Мурињо сè уште од многумина се смета за еден од најдобрите тренери во светот, иако неговата кариера е во јасен пад во последните години.

Мурињо првпат дојде во поширокиот фудбалски свет на клупата на Порто кога се прослави во Европа, освојувајќи го Купот на УЕФА, а потоа и Лигата на шампионите.

Ова доведе до тоа Португалецот да го преземе Челзи, каде што веднаш ја освои Премиер лигата, а во 2010 година беше на својот врв, освојувајќи ја тројната круна со Интер.

Мурињо имаше и значајни резултати на клупата на Реал (М), Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома, но беше јасно дека неговата кариера е во надолна траекторија кога го презеде Фенербахче минатото лето.

Тој повеќе не е на мета на најголемите фудбалски клубови и не крие дека негова најголема желба е да се испроба како селектор на португалската репрезентација, и се надева дека ова ќе биде следниот чекор во неговата кариера.

Мурињо имаше амбициозен план кога е во прашање актуелната сезона, сакаше по пауза од 12 години да стане шампион со тимот на Фенербахче, но веднаш по елиминацијата од Бенфика во Лигата на шампиони, раководните лица му врачија отказ.

Претходно, искусниот португалски стручњак даде интересно интервју, а најголемо внимание привлече неговиот одговор на прашањето кој фудбалер му помогнал најмногу да се развие како тренер.

„Меси. Зошто? Затоа што секој пат кога игравме против него, ме тераше да размислувам многу повеќе од вообичаено кога станува збор за натпревари“, рече Мурињо.

Секако, Мурињо имаше неколку незаборавни судири како тренер против Барселона, која доминираше на фудбалската сцена во тоа време.

Тој му нанесе тежок удар на каталонскиот гигант во 2010 година кога се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со Интер, но како тренер на Реал (М) не се прослави премногу.

Најзначајниот пораз беше во неговото прво „Ел Класико“ кога Барса ги понижи „кралевите“ со 5:0 сред „Сантијаго Бернабеу“.

ИЗДВОЕНИ