
Португалскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Педро Нето, е најновата желба на контроверзниот португалски стручњак и предводник на Бенфика, Жозе Мурињо. Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед, Реал (М), Рома и Фенербахче, добро е запознаен со информацијата дека понудата за одличниот играч за врска не смее да биде помала од 60 мил. фунти.