– Муралот на солидарноста и заедништвото што ги имаме тука и кои им ги покажавме ние народот за време на страшната поплава… сега е избришан и бојадисан жолт. Тој веќе не постои. Муралите се уметнички дела на кои им се посветува многу време, љубов и труд. Тие треба да се чуваат зошто се верно сведоштво за животот. Зарем ништо не ни е свето? – прашува жителка на Ченто и бара одговор: Зошто е избришан муралот? Од Општина Гази Баба велат дека муралот е избришан заради реконструкцијата на Домот на културата кој се прави по 60 години, а беше собиралиште на наркомани и бездомници.
– Ова го направивме затоа што на објектот поставивме енергетско-ефикасна фасада. Реконструкцијата е во завршна фаза и се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на октомври или евентуално, за Денот општината – 3 Ноември, иако крајниот рок, според договорот, е декември – тврдат од Општина Гази Баба
„Солидарноста е темел на иднината“ е пораката што ја носеше прекрасниот мурал на ѕидот на Домот на културата во Ченто. Сега веќе го нема, иако беше направен за да се славaт солидарноста и заедништвото и да нè потсетува на нив.
На тоа, на социјалните мрежи реагираа жителите.
– Муралот на солидарноста и заедништвото што ги имаме тука и кои му ги покажавме на народот за време на страшната поплава… сега е избришан и бојадисан жолт. Тој веќе не постои. Муралите се уметнички дела на кои им се посветува многу време, љубов и труд. Тие треба да се чуваат зошто се верно сведоштво за животот. Зарем ништо не ни е свето? – прашува жителка на Ченто и бара одговор: Зошто е избришан муралот?
Други, пак, велат дека на тој начин се уништува населбата. Автор на овој мурал е Владимир Милиќ. Тој беше направен летото 2020 година во партнерство со „Културно Ехо“– Скопје и Општината Гази Баба.
По завршување на муралот од партнерската организација и ЈКП „Гази Баба 2007“ напишаа: „Да не се заборави поплавата која ја зафати нашата Општина, елементарна непогода која нè бираше нација, вера и политичка определба, а токму во тие моменти се покажа колку можеме да бидеме солидарни и да си помогнеме едни со други. Општина Гази Баба е мултиетничка средина, место каде што сите ние секојдневно дејствуваме и затоа мораме да ги почитуваме различностите и да си помагаме еден со друг“.
Од Општина Гази Баба велат дека муралот е избришан заради реконструкцијата на Домот на културата кој се прави по 60 години, а беше собиралиште на наркомани и бездомници.
–Ова го направивме затоа што на објектот поставивме енергетско-ефикасна фасада. Реконструкцијата е во завршна фаза и се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на октомври или евентуално за Денот општината – 3 Ноември, иако крајниот рок, според договорот, е декември – тврдат од Општина Гази Баба.
Оттаму додаваат дека сепак за нив претставува голем успех што по 60 години жителите ќе имаат соодветен културен дом каде во иднина ќе се одржуваат најразлични настани.
Објектот ќе биде целосно инклузивен бидејќи ќе има специјални лифтови за лицата со посебни потреби. Се протега на површина од 1.000 квадратни метри и е на три нивоа: подрум во кој има остава, шминкерница, гардероба и тоалети, потоа приземје каде ќе има фоаје, билетарница, галерија, тоалет за лица со посебни потреби, гледалиште, сцена, канцеларии и кат на кој ќе има библиотека, тоалет за лица со посебни потреби, просторија за проекции и канцеларија.
Како што истакнаа од Општина Гази Баба, реконструкцијата ќе чини 84.240.000 денари.
Обновата на Домот на културата започна на крајот на февруари годинава.
(А.П.)