Публиката во Скопје, на 27 јуни во 19:00 часот, ќе ја очекува особено уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „Ре-креација на видот: да ги погледнеме фотографиите со други очи“ во изложбениот простор на Музејот на Град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и од Македонија, кои беа создадени во текот на повеќемесечното работење, учење и заедничко истражување на фотографијата и на современиот поглед на свет.

Изложбата претставува големо финале на пионерскиот регионален проект „Out of Frame: Promoting New Perspectives Through Photography“, поддржан од British Council, кој во изминатите десет месеци беше воден од Центарот за развој на фотографијата од Белград, со партнерот од Црна Гора – организацијата „Fluid Drum“ и со поддршка на Музејот на Град Скопје.

Настанот ќе биде збогатен и со претставување дигитална платформа за млади таленти, со што дополнително се отвораат вратите за размена помеѓу фотографската сцена во регионот.

 

ИЗДВОЕНИ