Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на проектот UrbanGreenLeap, преку програмата Interreg Euro-MED, кофинансирана од Европската Унија. Во населбата Волково ќе се изгради мултифункционален пилот-парк, модерен, зелен простор за рекреација, дружење и едукација.
– Проектот има за цел да го подобри урбаното живеење, да ја зајакне зелената инфраструктура и да придонесе кон поодржлива иднина за сите жители на Ѓорче Петров – велат од Општината.












