четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува нашата улога како сојузник

Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува нашата улога како сојузник

34
EPA/LAJOS SOOS HUNGARY OUT

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува улогата на државата како кредибилен сојузник и партнер.

Муцунски во Вашингтон ја предводи владината делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, која ја отвори заедно со Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот.

Тој на својот Фејсбук профил истакна дека дијалогот претставува значаен механизам за продлабочување на билатералната соработка и потврда на силното стратешко партнерство меѓу двете земји.

Фокусот на разговорите е ставен на повеќе клучни области, меѓу кои глобалните и регионалните прашања, одбраната и безбедноста, енергетиката и економската соработка, сајбер и дигиталната безбедност, како и зајакнувањето на граничната контрола и справувањето со транснационалните закани.

Муцунски нагласи дека оваа сесија ја потврдува заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за зајакнување на трансатлантските врски.

– Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски. Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот – стои во објавата на Муцунски на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ