Муамер Сефери е нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

61

Mуамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на jавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на коалицијата „Вреди“, поточно од движењето БЕСА.

Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција, за него, претставува „голема доверба и сериозна обврска“. Во своето прво обраќање, тој најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

– Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам посветено, транспарентно и професионално, во служба на граѓаните и на јавниот интерес – истакна Сефери.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ