четврток, февруари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Му побарал пари за гориво, го измамил за 800 евра со лажно...

Му побарал пари за гориво, го измамил за 800 евра со лажно злато!

20

Триесет и двегодишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека бил измамен од едно лице за сума од 800 евра.

Според пријавата, додека управувал патничко возило, тој застанал по даден знак од непознато лице кое побарало пари, тврдејќи дека му се потребни за гориво за да стигне до одредена дестинација.

Како што е наведено, тие се договориле оштетениот да го купи личниот златен накит на лицето. Откако заминал во златарница за да го провери накитот, бил информиран дека истиот не е изработен од злато.

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ