Мрежата „Икс“ на Илон Маск за пропаганда ја користат над 200 терористички организации, открива непрофитната ТТП

10

Истрага што ја спроведе непрофитната организација „Проект за транспарентност на технологијата“ (ТТП) откри дека повеќе од 200 корисници на мрежата „Икс“ на Илон Маск, од американската влада означени како странски терористички организации (ФТО), плаќаат претплатнички такси за премиум услуги. Меѓу нив се идентификувани и лица поврзани со Ал-Каеда, Хезболах, Хамас, бунтовниците Хути и разни милиции од Сирија и Ирак.

Таквите претплати им обезбедуваат на терористите сина ознака за верификација, што им дава на нивните сметки изглед на легитимитет, но и пристап до моќни алатки: можност за монетизација на содржината, објавување подолги објави и видеа и зголемување на досегот на објавите.

-Покрај тоа што сакаат престиж на сината ознака, нивните претплати се користат за ширење долги пропагандни пораки и видеа. Користењето на премиум услуги значително го олеснува дистрибуирањето и монетизацијата на пропагандата, како и промоција на кампањи за собирање средства, изјави за „Њујорк тајмс“, Кејти Пол, директорка на ТТП, за „Њујорк тајмс“.

Според правилата на „Икс“, корисниците не смеат да купуваат премиум услуги ако се поврзани со организации кои се предмет на економски санкции од САД, вклучувајќи ги и оние што ги надгледува Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) на Министерството за финансии на САД. Иако „Икс“ тврди дека спроведува ревизии на сметки за да ја потврди подобноста, со оглед на тоа што  Маск ја направи ознаката достапна за секој што плаќа, тој систем повеќе не функционира.

ИЗДВОЕНИ