Аеродромот во Виена е затворен поради ледени услови, додека сите летови се привремено суспендирани на аеродромите во Будимпешта и Братислава, додека и аеродромот во Прага воведе ограничувања во сообраќајот.
На пистите во Виена се формира дебел слој мраз, кој службите не стигнуваат да го одмрзнат, пред повторно да замрџне, изјави портпаролот на аеродромот во Виена. Летовите се пренасочуваат кон други аеродроми.
Ситуацијата не е подобра ниту во железничкиот транспорт. Австриските федерални железници, ÖBB, ги предупредија патниците за големи доцнења и откажувања на возови и автобуси низ источниот дел од земјата. На граѓаните им се препорачува да ги одложат сите патувања што не се итни.
Жителите на Виена пријавуваат екстремни услови на улиците. „Луѓето буквално лизгаат по патиштата, невозможно е да се излезе од дворот со автомобил“, велат жителите. Пешачките патеки во многу делови од градот се претворија во вистински лизгалишта, пишува „Кронен цајтунг“.
Caution! ⚠️⚠️⚠️
It’s extremely icy in Vienna 🇦🇹 today! Freezing rain is turning the whole city into an ice rink ‼️‼️‼️ pic.twitter.com/HpOvGhaX62— Michaela (@austria63amy) January 13, 2026
Прогнозата предупреди на тежок период што претстои, а болниците брзо реагираа. Помеѓу полноќ и пладне, спасувачката служба на Виена им пружила помош на 65 лица откако се лизнале на мразот, со повреди кои се движеле од модринки до скршени коски. Студот стигна и до Дунав. Мразот се крши во пристаништето во Виена за да се заштитат крузерите што се закотвени во зима и да се одржат отворени рутите.
Мразокршачот МС Ајсвогел, ретко користен во последните благи зими, е повторно во употреба. Со температури близу минус шест степени, мразот може да достигне десет сантиметри за еден ден, што го враќа стариот брод во центарот на операциите, објавува „Еуроњуз“.












