
Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборуваше за најлошото сценарио – третата светска војна.
„Влезот на Украина во НАТО алијансата веднаш би довел до војна меѓу Русија и Алијансата, односно до трета светска војна“, рече Орбан.
„Украина во НАТО алијансата? Тоа би значело војна со Русија и трета светска војна веќе следниот ден. Покрај тоа, неодговорното брзање на ЕУ да ја прифати Украина би донело фронтови во срцето на Европа“, објави Орбан на X.
Унгарскиот премиер додаде дека ова не е дипломатија, туку лудило и дека „кибрит не се фрлаат во буре со барут“.
„Нема да дозволиме да ја претворат Европа во бојно поле“, нагласи Орбан.