Кошаркарскиот клуб Панатинаикос западна во голема криза, и покрај сè поголемите инвестиции, поради што во Грција сериозно се зборува за заминувањето на тренерот Ергин Атаман. Дури и познатиот локален медиум СДНА објави дека сопственикот, Димитрис Јанакопулос, ќе го отпушти турскиот стручњак, но се случи спротивното. Контроверзниот бизнисмен испрати порака за поддршка на Атаман и на кошаркарите, нагласувајќи дека сите тие се едно големо семејство и дека тренерот ќе ја има неговата доверба до крајот на тековната сезона.
- Сè уште сме тука… Да им покажеме на сите што значи да се носи најтешкиот дрес во Европа. Имаме доволно талент и мадиња за да им позајмиме малку на сите други тимови. Време е да им покажеме на сите што значи да се биде дел од семејството Панатинаикос. Од натпревар до натпревар, чекор по чекор кон нашата судбина – врвот – рече Јанакопулос.
Оваа година, Панатинаикос веќе има осум порази на 17 одиграни натпревари, неодамна прими 102 коша во Родос, а пред него е борбата со Олимпијакос за грчкиот куп, како и за плејофот во Евролигата. ПАО ќе се обиде да направи пресврт во сезоната со скапо платениот Најџел Хејс-Дејвис и со враќањето на Матијас Лесор по тешката повреда.
Останува да видиме дали оваа изјава на Јанакопулос ќе го крене тимот од резултатската криза и покрај големите навреди слушнати во изминатиов период.











