Грег Руседски, поранешниот претставник на Велика Британија во Дејвис купот, зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ да ја освои 25. гренд слем титула.
Ѓоковиќ последен пат играше во финалето на Вимблдон во 2024 година, додека последниот трофеј од гренд слем турнирите го крена една година претходно, на Отвореното првенство на САД. На последните осум гренд слем турнири, Карлос Алкараз и Јаникс Синер ги освоија трофеите, а во три финалиња по ред, директно се соочија за трофеите.
– Големото прашање е дали може да ги победи Алкараз и Синер на тој турнир, кој се игра во три сета. Веројатно не, можеби само на Вимблдон – изјави Руседски за „Тенис 365“.
Тој додаде дека ова не е причина Новак да се пензионира:
– Ако сè уште ужива во предизвикот, зошто да не игра? Отпишувањето на шампион е последното нешто што треба да го направите. Го правев тоа во минатото и не заврши добро – кажа тој.
Ѓоковиќ има освоено 24. гренд слем титули во кариерата, најмногу на Отвореното првенство на Австралија (10), кое е прво на програмата во 2026 година, помеѓу 12 јануари и 1 февруари.












