Мотиејунас: Бев мртов, но Обрадовиќ добро ме познава

79

Српскиот кошаркарски стручњак Саша Обрадовиќ со победа дебитираше на клупата на Црвена звезда, откако во рамки на четвртото коло од Евролигата славеше против Жалгирис со 88:79. Ова воедно е прв пораз на литванскиот претставник во Евролигата оваа сезона, додека за Звезда е втора победа.

  • Им благодарам на одличните навивачи. Ова ми е првпат во ваква атмосфера и ми е особено важно. Победивме одличен тим, а на полувремето реков дека ваков натпревар се добива со одлична одбрана и со големо срце. Го покажавме тоа. Најдовме начин да победиме и тоа е најважното нешто во моментов. Имаме многу работи да поправиме, а малку е хаотично во моментов. Индивидуалниот квалитет е тука. Сега се појави Нвора, а потоа ќе биде некој друг, истакна тренерот на Црвена звезда.

Меѓу најзаслужните за оваа победа на Звезда беше Донатас Мотиејунас со 13 поени, три скока и две асистенции, кој по натпреварот ги сумираше своите впечатоци и големата победа.

  • Среќен сум за тренерот бидејќи е многу важно за него да ја започне својата работа со победа. Не беше лесно, имавме само два дена за подготовка, знаевме дека тимот што доаѓа е еден од најдобрите во Европа во моментов и беше важно за нас да покажеме карактер, да се бориме… Имавме осцилации, но се држевме заедно и забележавме победа, истакна Мотиејунас за српските медиуми.

Литванецот е некој што добро го познава Обрадовиќ, работеа заедно во Монако, па се чини дека ова ќе продолжи на вистински начин и во редовите на Црвена звезда.

  • Тој има свој стил на кошарка, начинот на кој тренира. Разговаравме во соблекувалната. По еден добар потег, Чима ме праша дали сум уморен и дали побарав замена, му реков дека сум мртов, но тренерот Саша ме познава исто толку добро колку што го познавам и јас него, па ме замени во совршен момент, зашто бев навистина мртов уморен по тој спринт, додаде Мотиејунас.

За екипата на Црвена звезда следува натпревар против Реал Мадрид, кој ќе се одигра во петок, во Белград.

  • Исто како и денес, им кажав на момците дека нема да биде лесно, дека мора да работиме напорно. Ако очекуваме да излеземе и да бидеме добри, дека ќе биде лесно… Тоа нема да се случи. Мора да се бориме од првата до последната секунда. Не знам дали утре ќе имаме соодветен тренинг, тоа ќе биде повеќе закрепнување, малку истегнување… Нема да има многу тактики и промени. Значи, во отсуство на тренинг, ако не можете да поставите тактики, мора да најдете други начини, а тоа се енергија, борба… Можеме да се потпреме на тоа за следните натпревари. Со текот на времето, Саша ќе го постави својот систем и ние ќе играме кошарка повеќе според неговиот стил, заврши Литванецот.

ИЗДВОЕНИ