Москва ја потврди поканата за Ким Џонг Ун, детали за посетата на Русија ќе се соопштат допрва

31

Москва ќе се договори за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија, но се уште е рано да се зборува за точните датуми, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

„Потврдувам дека претседателот за државни работи на Северна Кореја има покана од претседателот на Русија Владимир Владимирович Путин да допатува во официјална посета на Русија и се надеваме дека ќе се договориме за времето и агендата на тие разговори преку дипломатски канали“, изјави Руденко за Риа Новости.

Тој додаде дека се уште е рано да се зборува за конкретни датуми, но оти Москва очекува посетата да се случи, пренесува Танјуг.

Претходно Руденко најави дека се работи на организирање на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Северна Кореја, со цел продолжување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

ИЗДВОЕНИ