Руското Министерство за надворешни работи оцени дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Украина е пристрасна и насочена против Русија.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека на 24 февруари, по повод четвртата годишнина од почетокот на специјалната воена операција на Русија, на иницијатива на Киев и неговите европски спонзори се одржа 11-та вонредна посебна седница на Генералното собрание на ОН за украинската криза, на која група земји предложија уште една, наводно пристрасна, антируска нацрт-резолуција, пренесуаа агенциите.
„Овој пат, документот е лукаво насловен како Поддршка за траен мир во Украина и е формулиран поконцизно од претходните резолуции на 11-та вонредна седница“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Се проценува дека авторите требало да се справат со оваа „тактичка стапица“ поради постојаното опаѓање на нивото на поддршка за нивните антируски иницијативи во Генералното собрание на ОН, кои очигледно веќе им се премногу познати на повеќето членови на меѓународната заедница.












