петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Москва парализирана: Соборен е 32-годишниот рекорд за снежни врнежи

Москва парализирана: Соборен е 32-годишниот рекорд за снежни врнежи

38

Во Москва е забележана длабочина на снегот од 61 сантиметар, со што е срушен рекордот за снежни врнежи поставен пред 32 години во главниот град на Русија.

„Како резултат на невидените снежни врнежи, нивото на снегот на референтната метеоролошка станица ВДНХ се искачи на 61 сантиметар, што е зголемување од три сантиметри за 24 часа“, изјави за РИА Новости Евгениј Тишковец, водечки експерт на метеоролошкиот центар Фобос.

Како што изјави, во центарот на главниот град, во Балчуг, висината на снегот е 69 сантиметри, а во Тушин 63 сантиметри, пренесува Танјуг.

Тој истакна дека со ова е срушен рекордот за висина на снежните наноси, кој постоел од 1994 година, кога изнесувал 61 сантиметар.

„Во Московскиот регион, најголемите снежни врнежи се во Черушти – 68 сантиметри, Серпухов – 66 сантиметри, Коломна – 65 сантиметри и Волоколамск – 62 сантиметри“, додаде Тишковец.

ИЗДВОЕНИ