Кремљ потврди дека ќе има телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
– Разговорот се подготвува, рече Песков, коментирајќи ја објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја соопшти својата намера телефонски да разговара со Владимир Путин на 19 мај.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека ќе разговара со Путин в понеделник. Претседателот на САД информира дека темите на разговорот ќе бидат војната во Украина и трговијата. Трамп додаде дека по разговорот со рускиот лидер ќе разговара и со украинскиот Володимир Зеленски, како и со лидерите на земјите од НАТО.
„Се надеваме дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе има прекин на огнот и дека војната, која никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, рече американскиот лидер.
Претходниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп се одржа на 18 март.