Шлаканицата, снимена со камера, што Брижит Макрон му ја упати на својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, даде неверојатен повод за коментари во Москва.
Така, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја искористи оваа непријатна ситуација за да ја коментира одлуката на Германија да ѝ дозволи на Украина да ги користи своите ракети со долг дострел за напад врз руска територија, како и последователната „согласност“ на германскиот канцелар токму по ова прашање.
Захарова на својот Телеграм канал наведе, што потоа го објавија руските медиуми, дека на германските власти треба да им се одземе „лажичката за шеќер“ и „хартиеното марамче“.
Захарова посочи на фактот дека германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл ја негираше изјавата на канцеларот Фридрих Мерц за укинување на ограничувањата за дометот на оружје испорачано на Украина.
„Затоа, земете им ја веќе еднаш „лажичката за шеќер“ и „хартиеното марамче“! Се надевам дека барем овие двајца не се степаа како Макронови“, нагласи Захарова.
Дали Макрон „доби“ шлаканица од сопругата или тоа беше „момент на блискост“?/ВИДЕО
Марамчето што го споменува Захарова се однесува на снимката од воз што се упатува кон Киев, во која бил и Макрон, кој, забележувајќи дека новинарите почнале да снимаат, набрзина извадил бела ролна од масата.
Потоа Елисејската палата објави дека не станува збор за наркотици, туку за марамче.
Париз демантира дека на масата на Макрон, Мерц и Стармер имало кокаин: Непријателите шират лаги