Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија во моментов ја разгледува Москва како место за можна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, додека преговорите во Обединетите Арапски Емирати се посебен процес и не се продолжение на разговорите во Истанбул од 2025 година.
„Сè уште зборуваме за Москва. Секакви шпекулативни дискусии се несоодветни“, изјави Песков пред новинарите, објави Риа Новости.
Тој додаде дека преговорите во Абу Даби се од „различна природа“ во споредба со минатогодишните состаноци во Турција.












