среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Морничави сцени во Либија: Густа портокалова магла го покрила градот – времето...

Морничави сцени во Либија: Густа портокалова магла го покрила градот – времето е опасно/ФОТО

81
screenshot X World News

Силната песочна бура што ја погоди Либија во вторникот предизвика сериозни нарушувања во секојдневниот живот, а според достапните информации, едно лице загина.

Поради екстремните временски услови, властите го прекинаа воздушниот сообраќај во неколку делови од земјата, ги затворија училиштата и универзитетите и го ограничија движењето на населението.

Најкритична ситуација беше забележана во Бенгази, вториот по големина град во Либија, кој се наоѓа на источниот брег на земјата. Градот со часови беше обвиен во густа портокалова прашина, што драстично ја намали видливоста.

Според медицински извори од центарот на Бенгази, еден млад човек починал откако таванот на неговата куќа се урна поради силни ветрови.

ИЗДВОЕНИ