
Репрезентативецот на Шпанија, Алваро Мората, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Комо. Искусниот напаѓач уште неколку дена ќе биде во сопственост на калчо гигантот Милан, а вториот дел од изминатата сезона го одработи како позајмен фудбалер во дресот на турскиот суперлигаш Галатсарај. Од неговата продажба Милан очекува заработка не помала од 10 мил. евра.