EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се измачи да ја победи Германката Лаура Зигмунд,поточно да го прочита нејзиниот неконвенционален стил на игра, но на крајот успеа да слави во три сета со 4:6, 6:2, 6:4. Замолена да го коментира пласманот во полуфиналето преку уште една тешка, но важна победа, тенисерката број еден во светот одговори:

– Да, тоа беше вистински предизвик и искрено не знам како успеав да останам толку подготвена и фокусирана емоционално. Всушност, многу сум горда на себе, бидејќи беше навистина тешка борба и среќна сум што победив. Мислам дека бев навистина добро ментално подготвена за нејзината игра, за начинот на кој темпираше и за сè останато. Секако, се мачев внатрешно бидејќи играше многу паметно. На почетокот, многу промашував, чувствував дека брзам. Затоа сум навистина среќна што успеав да се „ресетирам“ по првиот сет, да ја сменам тактиката и да победам. На средината од вториот сет, почнав подобро да играм и разбрав што треба да направам за да победам. Но, што се однесува до нејзината игра, не бев вознемирена. Беше одлична, паметна игра. Му беше тешко на моето тело да игра против неа, ха, ха, ха. Кој и да ме критикува, ќе му кажам: „Играв против Лаура, таа е навистина добра“ – кажа Сабаленка

По поразот во финалето на Ролан Гарос, таа рече дека научила многу од него на темата смиреност на теренот. Дали се очекувало дека ќе го загуби овој натпревар без претходното искуство од Париз?

– Постоеше голема можност да го загубам овој натпревар ако не ја научев таа лекција на Отвореното првенство на Франција. Во некои моменти, постојано се потсетував, што, веројатно, е малку глупаво: „Ајде, четврт-финале е на Вимблдон, не можеш да се откажеш, не можеш да дозволиш да те совладаат емоциите и да загубиш уште еден натпревар“. Се потсетив дека ова е мојот сон, дека не треба да се откажам толку лесно и дека морам да продолжам да се борам. Всушност, тоа е тоа.

За својата противничка во полуфиналето, Аманда Анисимова, Сабаленка има неколку пофални збора.

– Дефинитивно мислам дека оваа подлога ѝ одговара многу добро и затоа игра толку добро. Сервира добро, има доста чисти и силни удари и на нашиот неодамнешен натпревар во Париз морав напорно да играм за да победам. Тоа ќе биде многу агресивен тенис, сосема поинаква игра од онаа со која се соочував досега. Таа е предизвикувачка тенисерка, со која имав многу тешки натпревари. Губев и победував на тие тимски натпревари и мислам дека двете сме возбудени за следниот натпревар – истакнува Арина.

 

ИЗДВОЕНИ