
Лондонскиот премиерлигаш Арсенал почна да работи на планот „Ц“ кој ќе мора да биде реализиран доколку не се осигураат услугите на најголемите летни желби. Прва опција на „топчиите“ е словенечкиот интернационалец од редовите на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко, кој е проценет на најмалку 70 мил. фунти, а план „Б“ е шведскиот интернационалец од редовите на Спортинг од Лисабон, Виктор Џокереш.