МОН: Учебници има за сите ученици, функционира електронскиот дневник

9

Информираме дека има учебници за сите ученици. МОН годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребно количество учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици за кои недостасуваа седум години. Најголем дел од тиражот, преку 90 отсто се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот, реагираат од МОН на прес-конференцијата на СДСМ од каде обвинуваат дека „со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години“.

– За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту, пак, да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна година. По однос на новиот електронски дневник, информираме дека тој е изработен со поддршка од ЕУ преку ИПА-фондовите, тестиран е заедно со корисниците и функционира одлично. Во системот веќе се евидентирани повеќе од 250 илјади корисници – наставници, класни раководители, директори и администратори. Веќе се внесени повеќе од 90 отсто од податоците за учебната 2025/2026 година. Креирани се повеќе од 15 илјади паралелки, а класните раководители внесоа преку 3.000 распореди. Податоците од старите системи се пренесени во новиот систем, соопшти МОН.

 

 

ИЗДВОЕНИ