сабота, јануари 24, 2026
Дома СВЕТ Монструозен злостор во Романија: Малолетници крвнички убиле свој врсник па го закопале...

Монструозен злостор во Романија: Малолетници крвнички убиле свој врсник па го закопале – се поради љубомора

82

Петнаесетгодишник од околината на Темишвар, чие исчезнување беше пријавено во понеделникот, 19 јануари, е пронајден мртво и закопан на едно поле во близина на градот, а полицијата уаспи повеќе малолетни лица, кои се поврзуваат во врска со злосторот, пренесуваат агенциите.

Порицијата привее две момчиња постари од 15 години и едно момче на 13 годишна возраст, поради сомневање дека извршиле злостор.

Се сомнева дека еден од осомничените 15-годишници и едно момче на 13-годишна возраст, го убиле Марио нанедувајќи му бројни убоди со нож и секира, по што го повикале другиот 15-годишник да им помогне да го закопаат телото на замрзнато поле, ке се наоѓа на неколку десетици метри од куќата каде што живее еден од осомничените.

Едно од повозрасните момчиња наводно учел во ист клас со Марио, а тој и помладото момче повеќе од еден месец детално планирале како да го убијат. Мотивот, како што се соменва, била љубомора, бидејќи Марио бил исклучително популарен во класот и во целото друштво.

Исчезнувањето на Марио е пријавено во понеделник, а се верува дека до осомничените и жртвата прво дошло до вербална расправија, по што осомничените го извадиле оружјето и на несреќното момче му задале бројни смртоносни напади. Откако повикале на помош уште едно момче, кое им помогнало да го стават телото во работничка количка и да го однесат до полето, каде што го закопале, а потоа ископале гропб.

Медиумите наведуваат дека јамата што ја ископале момчињаа не била премногу длабока, бидејќи замрзнатата земја била претешка за копање. Наводно е пронајдена и лопатата што ја користеле.

Според наводите на медиумите, двајата 15-годишниоци се во притвор, додека помладото момче е пуштено на слобода, бидејќи поради возраста не може да одговара кривично.

 

ИЗДВОЕНИ