Монструмот од Грац оставил и проштално видео!

4564
EPA-EFE/ANTONIO BAT

Артур А.(21), кој е осомничен дека убил десет лица во масакр во училиште во Грац, а потоа си го одзел животот, оставил не само проштално писмо, туку и проштално видео!

Утрово, пред 10 часот, Артур вооружен упаднал во училиштето БОРГ во Грац и почнал да убива ученици и наставници. Десет лица загинаа, а уште единаесет се тешко повредени, а лекарите се борат за нивниот живот.

Вознемирувачки видеа снимени од ученици покажуваат деца кои врескаат, одекнуваат истрели, паника меѓу граѓаните… Овие видеа само делумно го прикажуваат хоророт низ кој поминаа учениците и наставниците од училиштето БОРГ во вторникот.

Вооружен со пиштол и сачмарка, Артур го изврши најтешкиот масакр во училиштето во историјата на австриското правосудство. Меѓу десетте загинати има осум ученици и двајца членови на наставниот кадар.

„Уште една жртва е самиот напаѓач“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер на прес-конференција претходно денеска. По крвопролевањето Артур.А. се самоуби во училишниот тоалет.

Можен мотив?

Инспекторите дошле до првите индиции за можен мотив. Постојат индиции дека 21-годишникот се чувствувал малтретиран и исклучен за време на неговото образование. Се верува дека дејствувал од одмазда и фрустрација. Но, зошто нападот се случил години подоцна, сè уште нема јасно објаснување.

ИТ-форензичарите сега го анализираат неговиот телефон, компјутер и личните работи, со цел да се обидат да направат психолошки профил на напаѓачот и да ги разјаснат неговите мотиви. Според весникот Куриер, во неговиот стан биле пронајдени проштално писмо и проштално видео.

Медиумите јавуваат дека осомничениот купил едно од оружјето само неколку дена пред нападот, што укажува на внимателно испланирана акција. Тој нападнал две училници, но се уште се истражува дали тие простории биле намерно избрани. Полицијата се надева на дополнителни информации од јавноста и од луѓето блиски до напаѓачот. МВР на Австрија отвори платформа за прикачување снимки и информации, повикувајќи ги сведоците да не споделуваат содржини на социјалните мрежи, за да се заштити истрагата и да се почитуваат жртвите.

„Се чувствувам малтретирано“: Откриено што пишува во прошталната порака на убиецот од Грац!

ИЗДВОЕНИ