Монструмот кој уби две деца, а повреди 17 во училиште во САД оставил порака на кирилица/ВИДЕО

164
screenshot social media

Вооружениот напаѓач кој отвори оган во католичко училиште во Минеаполис, убивајќи две деца, е идентификуван како Робин Вестман, 23.

Вестман, порано познат како Роберт, пукал низ витражите кон деца што седеле на клупите во црквата „Благовештение“ околу 8:30 часот по локално време во средата, соопштија официјални лица, пренесе „Дејли меил“.

Потоа го насочил пиштолот кон себе и извршил самоубиство. Американските медиуми објавија дека мајката на Вестман била вработена во училиштето и дека тој го променил своето име во Робин во 2020 година, кога имал 17 години.

Две деца, на возраст од осум и 10 години, биле убиени во нападот, а најмалку 17 други жртви – 14 деца и тројца возрасни – биле повредени.

Официјалните лица изјавиле дека го истражуваат неговиот мотив, но рекле дека нема познато криминално досие.

Во меѓувреме, профилот за кој се верува дека му припаѓа на Вестман е избришан од YouTube, каде што тој објавил нешто што изгледало како манифест само неколку часа пред пукањето.

Полицијата истражува две вознемирувачки видеа. Тие прикажуваат цртежи од црква. Потоа, прикажан е маж како постојано забодува нож во цртежот додека тивко вели „Ќе се убијам“.

Други видеа објавени на YouTube профилот прикажуваат делови од пиштол, полуавтоматска пушка и пушка. На деловите од пиштолот се напишани имињата на други масовни убијци, како и пораката „убијте го Трамп“.

На едно од видеата, Вестман прелистува тетратка напишана со англиски и руски кирилични букви.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека бил информиран за пукањето во католичко училиште во Минеаполис и дека Белата куќа ја следи ситуацијата.

ИЗДВОЕНИ