Онлајн мониторинг-систем ќе го мери моменталното производство на фотонапонскиот систем на фотоволтаиците поставени на покривите на училиштата во Општина Кисела. Исто така, ќе дава информации за вкупното дневно, месечно и годишно производство на електрична енергија, како и за вкупно произведената енергија, а при појава на евентуални аномалии, корисниците автоматски ќе добиваат известување, што овозможува навремена реакција и максимално искористување на сончевата енергија.

Мониторинг-системот, кој е веб базирана платформа, беше поставен денеска, во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

– Со пуштањето во употреба на мониторинг-софтверот, заокружуваме една целина, која претставува вистински пример за современ и одржлив пристап кон енергетското управување. Благодарение на овие системи, нашите училишта веќе остваруваат значителни заштеди и активно придонесуваат кон намалување на енергетската зависност. Енергетската ефикасност и користењето обновливи извори на енергија се приоритет на мојата работа и ќе останат насока во која ќе продолжиме и во наредните четири години: кон зелена, модерна и енергетски самостојна општина – изјави градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Со проектот беа проектирани и инсталирани мрежни онгрид фотоволтаични системи со вкупна моќност од 140 kW, во сите основни училишта во Општина Кисела Вода, како и едно училиште во Општина Зелениково. Овие инвестиции овозможуваат годишна заштеда од околу 160 МЊг, односно од 70 до 80 проценти од училиште, што претставува 18 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија на Општината, со значителен придонес кон заштитата на животната средина и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид.

ИЗДВОЕНИ