петок, октомври 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МОН размислува за промена на студентскиот оброк: Наместо пари, можни ваучери за...

МОН размислува за промена на студентскиот оброк: Наместо пари, можни ваучери за храна

9

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави можна промена на методологијата за студентскиот оброк.

Во синоќешното гостување во емисијата „Вин Вин“ на Телма ТВ, Јаневска посочи дека според актуелната методологија и стапката на инфлација, субвенцијата за студентски оброк би требало да се зголеми за околу седум денари, односно да достигне 147 денари.

Сепак, министерката рече дека во Министерството за образование и наука веќе се разгледуваат други модели за субвенционирање на студентскиот оброк.

„Во околните земји постојат други методологии. Ова е субвенција за студентски оброк, односно студентите треба да добијат оброк. Има различни модели во нашата околина, ние во овој момент ги анализираме и веројатно ќе следи промена на методологијата“, изјави Јаневска.

Како една од можните промени таа го посочи воведувањето ваучери, наместо директно исплаќање средства на студентите.

„Тие да не добиваат пари, туку најверојатно некаков тип на ваучер со кој ќе можат да си обезбедат во одредени ресторани оброк кој ќе треба да го одберат“, рече министерката.

Според најавите, новиот модел би значел промена во начинот на кој студентите ја користат државната субвенција, но конечната методологија сè уште се анализира во МОН.

ИЗДВОЕНИ