сабота, февруари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МОН го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

МОН го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

8

Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и индивидуално, имаме обврска да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се користат во нашето богато мултиетничко општество. Само така ќе продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на разбирање меѓу сите заедници и да градиме подобра заедничка иднина“, стои во соопштението на Министерството за образование.

Министерството за образование и наука упатува посебна благодарност до наставниците, кои секојдневно го пренесуваат јазикот како живо знаење и вредност на новите генерации.

„Продолжуваме да креираме политики за унапредување на меѓуетничките односи во државата, преку образованието. Вложуваме во поквалитетна настава на сите јазици на кои се изведува во училиштата преку нови наставни програми и учебници по сите предмети, вклучувајќи и предмети за изучување на јазикот и културата на заедниците. Со повеќе обуки ги јакнеме компетенциите на наставниците и ги вмрежуваме училиштата од различни општини преку финансирање на проекти за мултикултирализам и меѓуетничка интеграција и толеранција. Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!“

ИЗДВОЕНИ