Д-р Меги Пауерс откри која храна е добро да се избере за да се држи шеќерот во крвта под контрола. На прво место се лиснатиот, зелен зеленчук, особено спанаќот.
Исто така, според д-р Пауерс, добро е да се јаде зелка, но и храна богата со протеини како што се јогурт, урда, јајца, посно месо и путер од кикирики.
Пауерс забележува дека дијабетичарите можат да консумираат и овошна вода што ја подготвуваат сами. Потребно е да се додаде лимон или краставица во обична вода и да се остави да отстои 24 часа пред консумирање.
Да се потсетиме, повеќето симптоми на почетокот на болеста не се видливи, а најчести се жед, сува уста, нагло губење на тежина, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.