Момент на ужас: Авион Боинг ја пресече опашката на Ербас на аеродромот во Ханој/ВИДЕО

217
screenshot X

Боинг и Ербас се судрија на аеродромот Нои Баи во виетнамската престолнина Ханој, во петокот попладне. Додека Боингот 787 се упатувал кон пистата, неговиот десен врв на крилото удрил во задниот дел од Ербас А321, кој исто така чекал да полетува. Боингот буквално ја скинал опашката на Ербасот, објави „Билд“.

Двата авиона се во сопственост на „Виетнам ерлајнс“. По судирот, двата авиона останале приземјени за технички преглед. За 380 патници биле обезбедени резервни авиони, и за среќа никој не бил повреден.

„Виетнам ерлајнс“ суспендирала четири пилоти, а прелиминарните информации сугерираат дека Ербасот не бил правилно паркиран, што најверојатно довело до судирот.

Авиокомпанијата објави истрага за судирот и формираше независен тим за да ја утврди точната причина за инцидентот, заедно со Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам (CAAV).

Инцидентот е класифициран како сериозен безбедносен надзор.

 

 

ИЗДВОЕНИ