сабота, јануари 17, 2026
Дома БАЛКАН Момчињата во Хрватска почнаа да добиваат покани за воен рок: Родителите вознемирени

Момчињата во Хрватска почнаа да добиваат покани за воен рок: Родителите вознемирени

191

Хрватските граѓани кои наполнуваат 18 години оваа година добиваат покани на своите домашни адреси да се пријават во регионалната канцеларија за одбрана за да бидат вклучени во воениот регистар, иако измените на Законот за одбрана сè уште не се усвоени.

Поканите им ги испраќа Министерството за одбрана, кое на тој начин се подготвува за спроведување на најавената двомесечна задолжителна воена обука.

Обуката, како што потврдија за загрепски „Јутарњи лист“ од Министерството за одбрана, треба да биде пропишана со претстојните измени на Законот за одбрана, кои Владата ќе ги објави на јавна расправа во јуни. Гласањето за изменетиот закон во Парламентот е најавено за на есен.

Младите момчиња, кои најчесто сè уште се во средно училиште, добиваат покани да се пријават за воена регистрација на свое име, без оглед на тоа дали наполниле 18 години во првите месеци од оваа година или ќе наполнат 18 години дури до крајот на годината.

Сепак, повиците, пишува „Јутарњи“, ги вознемирија некои родители.

ИЗДВОЕНИ