Тенисот е спорт во кој најчесто имаме видено вљубени двојки: Андре Агаси и Штефи Граф, Роже и Мирка Федерер, Елина Свитолина и Гаел Монфилс, Марина Шарапова и Григор Димитров… затоа не изненадува што продолжи овој тренд и со новите генерации, без оглед на нивните, можеби, малку поинакви навики и разбирања.

Така, данскиот тенисер Холгер Руне сега е во центарот на вниманието – на почетокот од неговата кариера, медиумите го нарекоа „новиот Ѓоковиќ“, но тој јавно беше „посрамен“ од руската тенисерка Вероника Кудерметова.

Во текот на гостувањето во руско ток-шоу со Јелена Веснина, Вероника Кудерметова откри дека Холгер Руне ѝ праќал пораки затоа што му се допаѓа.

– Холгер Руне ми пиша. „Момче, веројатно сум престара за тебе. Ако го погледнеше мојот Инстаграм, можеше да видиш дека сум мажена“. По тоа, тој повеќе не ми пиша, ха, ха, ха – се насмеа Русинката, која остана збунета од тоа што Данецот успеал да го „пропушти“ тој детаљ.

Вероника Кудерметова е родена во 1997 година, додека Холгер Руне е шест години помлад од неа. Нему му се провлекла информацијата дека таа е во брак со Сергеј Демекине, поранешен тенисер, кој стана нејзин тренер.

Што се однесува до Холгер Руне, тој моментално е рангиран на деветтото место во светот и игра подобар тенис во последно време. Сè уште е топло – ладно со него, можеби поради тоа што е млад. Тој неодамна го ангажираше Марко Паники, поранешниот фитнес-тренер на Новак Ѓоковиќ, кој беше отпуштен од Јаник Синер.

 

ИЗДВОЕНИ