Момче (16) загина, неговиот брат близнак и уште седумина се повредени во трагедијата кај Нови Сад/ФОТО

1582

Шеснаесетгодишниот Л.П. (16), загина во тешка сообраќајна несреќа во Нови Сад кога, од засега непознати причини, се преврте комбето со кое се враќало со своите врсници од натпревар во џудо. Неговиот брат близнак е повреден и е во болница во Нови Сад.

Синоќа во 3:32 часот, на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец на Белград, се случи тешка сообраќајна несреќа кога комбе излета од коловозот, ја проби заштитната ограда и падна во канал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Таткото на настраданото момче за „Блиц“ ги раскажа деталите за шокантната трагедија.

– Не знам дали ја изгубиле контролата. Тие беа на натпревар во Азербејџан. Од Баку до Будимпешта одеа со авион, а од Будимпешта отишле со комбе до Србија, до Белград. И тогаш се случило ова. Еден млад живот е изгубен. Синот што е повреден е во болница, раскажа таткото на момчето низ солзи.

На местото на настанот беа испратени три екипи за итни случаи, кои интервенираа со највисоко ниво на итност.

Според досегашните информации, од причини кои сè уште не се утврдени, комбе „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички, управувано од С. С. (1982), се превртело.

Во возилото имало осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, кои се членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград и се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

Повредените момчиња се на возраст од 13, 15 и 16 години, а меѓу повредените е и возачот на комбето (43) кој е префрлен во Централната болница Војводина со бројни повреди.

Како што дознаваме, едно дете има повреда на цервикалниот ‘рбет и се транспортира во Белград.

ИЗДВОЕНИ