Молер осомничен за бруталното убиство на Србинка во Германија

215

Девојка (28) по потекло од Србија, чие тело беше пронајдено во четвртокот на влезот во Хермескеил во Германија, е убиена со огнено оружје, а полицијата го приведе молерот Денис М.(34), поради сомнение дека го сторил ова дело.

Телото на девојката било пронајдено околу 5:30 часот, покрај одморалиште покрај патот, а го пронашол маж кој повикал полиција, која веднаш го блокирала реонот. Набрзо бил уапсен Денис М., кој ја познавал жртвата од претходно.

Денис бил фатен во Вадерн, каде што живее со своето семејство. Се уште не се знае каква врска имал со убиената.

Се верува дека Србинката била убиена во средата, а Денис потоа си заминал дома како ништо да не се случило. Не се знае што му претходело на убиството, но истражителите претпоставуваат дека се работи за злосторство од страст, пренесува Телеграф.

Од пронаоѓањето на телото на несреќната Србинка низ градовите Хермескејл и Вадерн кружат различни приказни. Една жена изјави за Билд дека слушнала како жртвата „буквално била егзекутирана со огнено оружје и дека осомничениот користел перница како придушувач“. Полицијата не ги потврди овие наводи.

Медиумите пишуваат дека Денис е занаетчија, дека се занимава со молерај и гипсарски работи. Тие наведуваат дека е оженет, а неговата сопруга пред само неколку недели родила син. Некои велат дека тој неодамна бил близок со убиената девојка, но никој не знае дали се познаваат долго време или се запознале неодамна.

И на двете места мештаните се длабоко потресени од злосторството. Полицијата засега не открива како осомничениот дошол до оружјето и дали легално го поседувал.

Претседателот на локалниот стрелачки клуб „Гут Шус“ од Гехвајлер, Герхард Лауер (85) изјави дека го познава Денис.

“Го познавам осомничениот. Тој не е член на нашиот стрелачки клуб, само неговиот татко. Не можам да замислам од каде го добил пиштолот. Сите сме многу потресени и не можеме да разбереме што се случило”, рече Лауер.

ИЗДВОЕНИ