Молдавскиот тајкун и политичар Владимир Плахотниук, кој е во бегство од 2019 година, беше уапсен денес во Грција, соопшти молдавската полиција, пренесува „Бета“.
Плахотниук избега од Молдавија во САД во 2019 година, соочувајќи се со низа обвиненија за корупција и соучество во шема во која исчезнаа 1 милијарда долари од банка во 2014 година, што беше околу една осмина од бруто-домашниот производ на Молдавија во тоа време.
Плахотниук негираше какво било кривично дело.
Полицијата соопшти дека канцеларијата на „Интерпол“ во Атина привела уште еден молдавски државјанин во истиот случај.
Единицата за организиран криминал на грчката полиција соопшти дека “Интерпол“ го бара Плахотниук под сомнение за вмешаност во криминална организација, измама и перење пари.
Молдавското Министерство за правда и Обвинителството во моментов разменуваат информации за да започнат со екстрадицијата на Плахотниук, изјави владин претставник во Кишињев.
Плахотњук, поранешен член на молдавскиот парламент и еден од најбогатите луѓе во земјата, избега во Соединетите Држави откако не успеа да формира влада со својата Демократска партија.
Соединетите Држави го прогласија за персона нон грата во 2020 година, а тој беше додаден на списокот за санкции на „Стејт департментот“ во 2022 година поради наводна корупција.
Плахотњук потоа беше обвинет за контрола на спроведувањето на законот за да се таргетираат политичките и деловните ривали и за мешање во изборниот процес во Молдавија.
Тој беше додаден и на списокот за санкции на Обединетото Кралство во 2022 година, каде што неговиот имот беше замрзнат.