„Ердоан Моранкиќ беше млад студент на Академијата за ликовни уметности во Сараево. Неговиот младешки дух, креативност и љубов кон уметноста го направија драгоцен дел од нашата заедница. Трагично, Ердоан го загуби животот чекајќи трамвај кај Националниот музеј, на место каде што често поминуваше време, размислувајќи за уметноста и иднината што сакаше да ја создаде“, се вели во петицијата што ја покрена неговиот пријател.
„Како негов близок пријател, се соочувам не само со загубата на пријател, туку и со загубата на талент што имаше потенцијал да го промени светот на уметноста. Неговата ненадејна смрт остави неизбришлива празнина во срцата на сите што го познаваа. Преименувањето на трамвајската станица во близина на Националниот музеј во негово име би бил моќен колективен гест, како споменик на неговиот живот, неговата љубов кон Сараево и неговата посветеност на уметноста“, порача пријателот на Ердоан.
Сараево, како град што ја цени историјата, културата и луѓето, има можност да го препознае и зачува споменот на својот млад син. Со преименување на оваа станица, правиме чекор кон зачувување на споменот на Ердоан и покажуваме колку го цениме неговиот придонес во нашата заедница, се наведува понатаму во петицијата.
„Ги повикувам сите жители на Сараево, како и сите што ја препознаа вредноста на Ердоан, да ја поддржат оваа иницијатива. Вашиот потпис може да помогне во зачувувањето на споменот на еден млад студент чиј живот беше прерано завршен. Потпишете ја оваа петиција и поддржете го преименувањето на трамвајската станица, така што името на Ердоан Моранкиќ засекогаш ќе биде врежано во срцето на нашиот град“, се апелира во петицијата.
„Петицијата е испратена до GRAS, Министерството за транспорт и Градот Сараево, а со вашиот потпис помагате оваа иницијатива да стигне до оние кои можат да донесат одлука и да го зачуваат споменот на Ердоaн“, наведе неговиот пријател.












