четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Моќен циклон од Џенова ни носи поројни дождови

Моќен циклон од Џенова ни носи поројни дождови

36

Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова и на голем влажен воздушен бран кој ќе биде поврзан токму со овој моќен циклон од Џенова во недела навечер 25 Јануари и во текот на ноќта кон понеделник 26 Јануари во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На планините пак над 1100/1200 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Врнежи ќе имаме и во текот на денот во понеделник 26 Јануари.

За време на овој голем влажен воздушен бран локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен воден талог).

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На околните планини ќе има повремени врнежи од снег. Температурите поради продор на поладен воздух од север во недела навечер и ноќта кон понеделник како и во понеделник 26 Јануари повторно ќе опаѓаат.

 

ИЗДВОЕНИ