Модерен, затворен пливачки базен во Радишани

83

Во тек е изградбата на затворениот пливачки базен во Радишани, во ООУ „Ацо Шопов“.

– Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца. Базенот, чија изградба ќе биде завршена за 18 месеци, ќе биде модерен, изграден по сите стандарди и ќе им служи, пред сѐ, на учениците, спортистите, но и на сите граѓани. Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и за развојот на младите генерации – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој додаде дека со оваа инвестиција, која е во вредност од околу 80.000.000 денари, Општината овозможува не само услови за развој на спортските таленти туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на Општината.

ИЗДВОЕНИ